По изјавите на министерот за здравство Венко Филипче дека коронавирусот ќе се врател на есен, контра став изнесе инфектологот Вело Марковски.

Марковски за ТВ 21 вели дека никој не може да каже дали вирусот ќе се врати повторно на есен а тие кои тврдат такво нешто треба да објаснат од каде го знаат тоа.

Тој вели дека вирусот може да се врати, но може да биде како и претходно или како изминативе години кога 10 или 30% од населението се заразува со коронавирус, но поминува како обична настинка.

Реалниот број на заразени со коронавирус може да биде 10 пати поголем од официјалниот број, додава Марковски , бидејќи многу случаи поминуваат и без симптоми.