Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков во придружба на полицаец дојде денеска во Кривичниот суд во Скопје.

Тој, како што објави А1он дошол пешки, а комбето на затворската полиција од Струга, не било позади зградата на Кривичен суд, каде на паркингот секогаш се симнуваат затвореници, по што се спроведуваат во судниците.

На прашање од екипата на А1он до Мијалков, дали доаѓа од хотелот Мериот или од затворот во Струга, тој не одговори.

На минатото рочиште за Титаник 2, Мијалков не беше спроведен од затворот во Струга поради пропуст на судот, за што имаше препукувања помеѓу судот и затворот во Струга.

За разлика од сите затвореници кои во судот се спроведуваат со лисици, Мијалков дојде без нив.

Видеото може да го отворите ТУКА.