Премиерката на Романија Виорика Данчила, која е во официјална посета на Црна Гора, направи гаф при обраќањето на јавноста.
Таа порача дека се радува што дошла во Приштина, па преведувачот при преводот навел дека се работи за Подгорица.
На снимката, која ја објави Владата на Црна Гора, недостасуваат токму тие неколку секунди, но, грешката ја пронашле и објавиле романските медиуми.