Пратеникот Антонио Милошоски денеска на прес конференција емитуваше разговор во кој, како што рече, се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.
Милошски рече дека од снимките се слуша дека тој носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.
Милошоски ја објави „бомба“, заедно со транскрипт од разговорот, која како што рече, ја добил од свиркач.
– Заев како премиер во присуство на други лица дава експлицитно јавен исказ дека договарал одлуки со Врховниот суд, што е мешање во судската власт и флагрантно кршење на законте. Бил во тесна врска со Катица Јанева која не можела да настапува самоволно. Јасно се гледа зошто му се брзаше на нелегален начин да се донесе Законот за јавно обвинителство, рече Милошоски.
Тој рече дека по објавување на ваков материјал Заев треба да биде приведен или викнат на распит
– Заев и Јанева биле во содејство на блиски соработници за секоја нејзина одлука. Тој бил и Врховен судија и специјален обвинител, изјави Милошски.
Деновиве Антонијо Милошоски во Јавното обвинителство ја предаде аудио снимката на обвинителката Вилма Русковска која минатата недела ја пушти од собраниската говорница. На неа, како што рече, се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев кој со непознато лице разговара за финансирањето на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.
https://www.youtube.com/watch?v=mRamnQ8H7WM&feature=emb_logo