Првиот шеф на дипломатијата на самостојна Македонија, Денко Малески, син на Владо Малески, авторот на текстот од македонската химна, вели дека „Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев биле Бугари“ и тоа може да се утврди само „со неколку клика“ на интернет.
И тоа „мора да го прифатиме за да нема вето од Бугарија“, вели пензионираниот универзитетски професор, министерот кој изјавуваше дека „самостоја Македонија може само преку него мртов“ и ја гледаше СФРЈ цела кога таа се распаѓаше пред очите на сите граѓани. Но, сега, Малески има други погледи…
Тој во интервју за бугарската ТВ Европа изјавува дека, според него, „Делчев и Мисирков биле Бугари“ и дека македонската јавност морала да се соочи со ова, ако не сака да добие вето од Бугарија за влез во ЕУ.
Малески во памтењето на Македонците е останат како министерот кој се противеше на осамостојувањето на Македонија од СФРЈ, син е на писателот Владо Малески и поддржувач на „борбата против режимот во Македонија“ од тн. шарена револуција, од времето на премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.
Што да се каже кога правник, макар бил и универзитетски професор, и доктор на науки, кој лесно и со „три клика на интернет“ ја објаснува историјата на еден народ… освен да се парафрзазира лидерот на неговата омилена СФРЈ, Јосип Броз Тито: (македонскиот) народ кој има такви умови треба сериозно да се загрижи за својата иднина!
(Д.Г.)