Прашања во холандскиот парламент (кои кај нас пет месеци се забранети) до холандскиот премиер Руте, оној што беше овде да му даде поддршка на Заев непосредно пред обидот на опозицијата да формира ново мнозинство и фамозното исчезнување на Кастриот Реџепи, и настап на младиот пратеник Гидеон ван Меихерен:

МЕИХЕРЕН: Зборувам за глобалистот Клаус Шваб, основач на Светскиот економски форум, кој ја напиша книгата „Ковид 19: Големиот ресет“. Моето прашање до премиерот е како ја оценува содржината на книгата?

РУТЕ: Не знам за таа книга, но би сакал да го советувам господинот ван Меихерен да не се осврнува многу на тие конспиративни теории. И јас ги гледам тие фасцинантни видеа на Ју Туб кои објаснуваат дека настаните на 11 септември во САД не се случиле или се случиле на поинаков начин. Тие се убаво склопени приказни, но не се ништо друго освен конспиративни теории.

МЕИХЕРЕН: Ме изненадува дека на првото прашање што воопшто му го поставив на премиерот откако се заколнав како член на парламентот, беше одговорено со лага. Го имам писмото од 26 ноември 2020 година од г-динот Руте до Клаус Шваб во кое тој му се заблагодарува на г-дин Шваб што му ја пратил книгата и во писмото ја оценува книгата како: „Надежна анализа за поубава иднина“. Може ли г-дин Руте да покопа малку по својата меморија? Се случило пред помалку од половина година (настанот е од минатта пролет, н.з.). Не знам колку вашата меморија останува активна, но веројатно можете да покопате малку таму некаде. Затоа ве молам одговорете на моето прашање, но овој пат чесно. 

РУТЕ: Чесниот одговор е дека тоа е писмо на учтивост. За жал не е можно да се прочитаат сите книги што човек ги добива, но затоа праќате писмо на благодарност до тие што ви ја пратиле книга.

МЕИХЕРЕН: Значи, г-дин Руте вели дека тој не ме лажел мене, туку го лажел г-дин Шваб. Имам уште едно прашање. Г-дин Шваб во книгата вели дека настојува да го ресетира светот, да создаде нов свет, да ја замени парламентарната демократија со глобална технократија. Тој пледира за крај на приватната сопственост и очигледно г-дин Руте не е свесен за тоа дека го нарекува ова: „Надежна анализа за поубава иднина!“ Како е можно г-дин Руте да ја цени книгата што има нео-комунистика порака ако воопшто не ја прочитал?