Традиционалната мото манифестација по седми пат се одржа во Кичево.
Мото манифестацијата по улиците низ градот се одржува во чест на големиот христијански празник Петровден, што е патронен празник на кичевската црква „Св. Петар и Павле“.
Кичевчани денеска имаа прилика да гледаат величествена глетка од мотори кои дефилираа од железничката станица по булеварот кон центарот на градот, и низ повеќе други улици, а моторџиите достоинствено ги виореја македонските знамиња.