Спроти денешниот 45-ти роденден на премиерот Зоран Заев, синоќа во дебатниот магазин Клик плус на ТВ 21 меѓу другото жителите на Арачиново се пожалија дека им било ветено оти ќе бидат вработени 300 пилоти од Арачиново.

-Најголемата лага е дека ќе се вработат 300 пилоти од Арачиново, рече жителот на Арачиново. Новинарот во неверување прашува, кој тоа им вети дека ќе бидат вработени 300 пилоти, на што жителот од Арачиново експлицитно одговари дека такво нешто им ветил СДСМ кои сега се на власт. Ми рековте зад камерите и да ти кажам право не разбрав убаво. Сега кој ви ветил дека ќе вработи 300 пилоти, прашува новинарот на ТВ21.

Одговорот што следуваше е:

– Овие што се на власт сега. Социјалдемократскиот сојуз, да. Значи тоа е најголемата лага што можеш да му ја кажеш на човек, ќе одиш пилот. Се случило и тоа тука во нашето село. Празни ветувања. На младината од Арачиново и останува само да одат по странски амбасади, да бараат визи и да си одат сите од тука, рече младиот жител на Арачиново.

Инаку денеска е роденден на Заев, полни 45 години живот од кои два мандата бил градоначалник на Струмица и три години е премиер.