Во текот на Божикната миса во црквата Свети Илија во Бејрут, во Либан, се случи настан кој никого од присутните не остави рамнодушен.
Хор од девојки – муслиманки, на изненадување на присутните, влезе во црквата и ја запеаја познатата песна „Тиха ноќ“.
Муслиманките сакаа со своето присуство да ја поддржат Божикната атмосфера и да покажат толеранција, почит и љубов кон христијаните. Во тоа и успеаја. Инаку во овој дел на Бејрут најбројни се муслиманите.
Додека настапуваа девојките-муслиманки, многумина од присутните не можеа да ги скријат солзите.