Македонската православна црква – Охридска архиепископија сака да ги оплодува парите, а не да и стојат „под перница“ како мртов капитал.

Ова го нагласува владиката Тимотеј во разговорот за весникот Слободен печат. Тој потврди дека црквата е содружник во фирма за производство на електрична енергија ХЕЦ Драгов Дол, заедно со други субјекти.

-Зошто контроверзен? Ако овие проекти се одобрени од државата, Црквата нема причина да ги гледа како проблематични, вели владиката Тимотеј.

Според Тимотеј, МПЦ-ОА во моментов располага со одредени финансиски средства и смета дека е подобро тие да не седат така туку да се вложат во нешто, за да се оствари добивка.