Санкциониран возачот кој со возило се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел, соопшти МВР.

На социјалните мрежи претходно се појави видео од кое се гледа како возачот со аудито вози по велосипедска патека, а пред него лице во инвалидска количка, со што го прекршува законот и го загрозува сообраќајот на другите учесници.

„Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот. Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба“, се вели во соопштението од МВР.

Видеото може да го погледнете ТУКА.