И покрај сите апели и предупредувања за фер и спортско навивање без националистички испади, навивачите на Шкендија тоа не го испочитуваа на вечерашниот натпревар.

Скандирања за Илирида, Голема Албанија…,повеќепати синоќа одекнуваа на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот Шкендија – Карабах, објави Курир.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

За потсетување, навивачите на Шкендија не го испочитуваа ниту едноминутниот молк на натпреварот против Брера, а во чест на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани. За време на молкот, навивачката група Балисти од трибините упатуваа свирежи и пееја песни за УЧК.

Денешниот натпревар заврши со пораз за Шкендија од 1:0 од Карабах. Единствениот гол првакот на Азербајџан го постигна од пенал во 18.минута.

При една интервенција Вебстер направи фаул на линијата од шеснаесетникот и по прегледувањето на ВАР снимката судијата Иван Кружлиак ја промени одлуката и наместо слободен удар гостите изведоа пенал. Сигурен реализатор беше Турал Бајрамов.

Реванш натпреварот се игра на 12.август во Баку.