Најстарата жена во Србија е веројатно баба Ѓурѓа, родена во 1908 година. Сега има 113 години и е немошна, а само до пред неколку години сама носела дрва за огрев.
Нејзиното најстаро дете има 94 години, а има повеќе од 120 внучиња. Баба Ѓурѓа ги преживеала двете Балкански војни, Првата и Втората светска војна и живеела во Кралството Југославија, па во СФРЈ, па СРЈ, па СЦГ и сега во Србија.
Како што велат нејзините блиски баба Ѓурѓа до својата 105 година била витална дури носела и дрва на грб.
За жал, веќе неколку години, баба Ѓурѓа е изнемоштена, а лекарите, како што тврдат нејзините блиски во видеото, не ја гледале како што би требало. На тоа се противи нејзиниот син, кој вели дека без разлика на возраста, како и на секој човек, уште и се живее и на баба Ѓурѓа.
Видеото може да го отворите ТУКА.