Наместо министерот за надворешни работи пејачката Бојана Скендеровски побрзо одговори на провокациите од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој вчера среде Скопје го објаснуваше „бугарскиот карактер на Македонија и Македонците“.
– Поздрав до Џамбаски, тој денеска е во Скопје, ние сред Бугарија ќе му ја пееме Заветна! Ако не си знаел да те потсетам: Можат да ја одречат, други да ја предадат, само таа е бесмртна, жива вода подземна, кај што тоне, таа извира… Македонија!- напиша пејачката Скендеровска на нејзиниот профил на Фејсбук, откако предходно Џамбаски во Скопје ги негираше Македонците.
Видеото со одговорот до Џамбаски може да го отворите ТУКА.
(Д. Г.)