Италијанскиот второлигаш Палермо вчера одигра 2:2 на домашен терен со Кремонезе, а и покрај тоа што неговиот тим не успеа да слави, Македонецот Александар Трајковски блесна.
Трајковски го отвори резултатот со гол од дваесетина метри во 26-та минута.
Во Палермо настапува уште еден Македонец, а тоа е Илија Несторовски, кој е и капитен на тимот, а тој во игра влезе од клупата во 72 минута, но не успеа да донесе победа за својот тим.