Невреме со пороен дожд синоќа ги зафати Кавадарци и околината.
За кусо време, дел улиците во градот се претворија во поројни реки кои носеа камења, дрва и секаков отпад.
Поплавени се 10 објекти, најмногу подруми.
Градоначалникот на општината, Митко Јанчев, синоќа информираше дека општинските екипи излегле на терен за да ги расчистуваат последиците од невремето.
-Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони, објави Јанчев.