Веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, новосаѓани ја дочекаа во целосен шок, известуваат српските медиуми.
Нова. рс пишува дека на улиците во градот, како што се ширела веста, буквално можело да се видат луѓе како плачат во неверување.

– Значи точно е. Се надевав дека е лажна вест и излегов да проверам со колешката. Како да ми починал некој мој, не знам како да опишам – рекла расплакана новосаѓанка.

– Не можам да кажам дека го слушав, ама, човеку, некако баш ме стегна. Сепак тоа е Ѓоле – вели келнер.

Граѓаните на Нови Сад спонтано тргнале кон центарот на градот и кон местото каде што е куќата на Балашевиќ, за да му оддадат почит на на човекот кој беше симбол на Нови Сад.