Фолк фест Валандово 2026 денес ги објави официјалните рефрени од сите 20 нови композиции што ќе бидат изведени на годинашната натпреварувачка вечер, закажана за 27 мај во салата „Јанко Узунов“ во Валандово.
Со оваа објава, публиката добива прва можност да слушне дел од новите песни што годинава ќе прозвучат на валандовската сцена, во изведба на познати музички имиња, млади вокали и гости од регионот.
На натпреварувачката вечер ќе бидат изведени:
Софија Пуровска – „Мир што ме опива“
Дејан Николоски Чуле – „Слатки мали лаги“
Ивана Наумова Каранфилов – „Дојде време да се вратиш“
Стефан Илиќ од Србија – „Уште еднаш“
Габриела Новевска – „Да имав јас среќа“
Група Распеани Валандовчани – „Отвори Лидо рајски прозорец“
Лени Партикова – „Пуштај ме мајко“
Горан Тодороски – „Билјана“
Ивана Серафимовска – „Дишам повторно“
Горан Тодоровски – „Сонце да ме разбуди“
Ангела Влинтовска – „Вардар тече среде Скопје“
Нино Величковски – „Смислата на животот“
Василија Петрова – „Среќна со тебе“
Драган Даце Николовски – „Жено неверна“
Благица Калева – „Солзи немам“
Мишко Крстевски – „Калина“
Анета Љумаковска, Јане Динев и Анета Бенд – „После сѐ“
Благоја Грујовски – „Султана“
Смиља Митревска – „Љубовта нека царува“
Христијан Божинов Кико – „Градче мое убаво“
Новите композиции ќе бидат изведени во целост на натпреварувачката вечер пред публиката во Валандово и пред гледачите преку директниот телевизиски пренос.
Фестивалската вечер на Фолк Фест Валандово 2026 ќе се одржи во среда, 27 мај, со почеток во 20:30 часот, во салата „Јанко Узунов“ во Валандово, со пренос во живо на МТВ 1.




