Во дербито на третиот ден од Европското фудбалско првенство, Англија во Лондон ја победи Хрватска со 1:0.

Денешниот меч од првото коло од групната фаза одигран на „Вембли“ го одлучи Рахим Стерлинг со голот постигнат во 57. минута.

Хрватска немаше големи шанси, најблиску до гол беше во 65. минута кога Анте Ребиќ шутираше покрај голот.

Во оваа група се и Чешка и Шкотска. Нивниот натпревар ќе се одржи на утре (14 јуни во 15 часот).

Во следното коло, на 18 јуни Англија игра против Шкотска, а Хрватска против Чешка.