Брат за брат, се истакнува во пораката од Македонците од Пиринска Македонија кои завчера биле на гости кај своите сонародници Македонци во Егејска Македонија.
– Со песната Македонско девојче, праќаме порака до сите кои негираат дека сме Македонци, порачуваат од ОМО Илинден-Пирин во нивната објава, со видео и фотографии од настанот.
Во продолжение целата објава на ОМО Илинден-Пирин на нивниот профил на Фејсбук:
„20 јули 2024 г. ИЛИНДЕН во Овчарани (Егејскиот дел на Македонија). Како и минатата година така и оваа, наши членови беа во приватна посета во Беломорието, односно во Овчарани. Каде Македонија повторно играше и пееше сплотена во едно. Мало видео од песната „Македонско девојче”, чисто да испратиме порака до оние кои не негираат, да знаат кој сме и што сме-МАКЕДОНЦИ! БРАТ ЗА БРАТ!“, пишува во објавата на ОМО Илинден Пирин.
Видеото може да го отворите ТУКА.
(Д. Г.)