Познатиот авантурист од ТВ каналите со серијали од дивина, Бер Грилс, се најде во смртна опасност и доби итна медицинска помош при снимање на Пацификот, откако го касна пчела.
Грилс (42) по каснувањето од шчелата доживеа анафилактичен шок, бидејќи е алергичен на пчели. По каснувањето од пчелата Грилс се обидел да продолжи со снимањето, но брзо станало јасно дека работите се посериозни отколку што првично мислел.
Медицинскиот персонал во екипата брзо сфатил дека Грилс е во животна опасност и му дале инекција.
Авантуристот Грилс го снимал своето ново шоу „Остров на богатство“.
Еден од натпреварувачите во шоуто, неурохирургот, Мано Шанмуганатан, изјави дека е изненаден од тоа колку Грилс почнал да отекува по убодот од пчелата, пренесува Дејли Стар.
– Беше лудо, рече натпреварувачот.
Ова не е првпат Грилс да претрпи ваква повреда. За време на една епизода од Born Survivor во 2016 година, тој се обидел да украде мед од кошница во Баја, Калифорнија, и преживеал убоди по што почнал да отекува во лицето.
Грилс во своите серијали за преживување во дивина имал епизоди со повеќе познати личности, меѓу кои и со поранешниот американски претседател Барак Обама, во времето кога тој беше на чело на САД.