Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу деновиве објави уште едно видео во кое пее македонска песна, овојпат за Јане Сандански.

Котецу ја пее познатата македонска песна „Кога падна на Пирина“. Тој досега има објавено повеќе видеа на кои пее познати македонски песни, како „Македонско девојче“, „Ако умрам ил загинам“ и други.

Слушнете како звучи песната „Кога падна на Пирина“ со јапонски оперски глас, како и уште една за Македонија, што ја има испеано минатата година.

(Д.Г.)