Виктор ОРБАН
Претседателката на Европската комисија и лидерот на Европската народна партија, Урсула фон дер Лајен и Манфред Вебер, објавија дека сакаат да ја соборат унгарската Влада и дека сакаат да инсталираат друга влада.
И тие исто така ги именуваа тие што би сакале да ги видат како идни лидери во, да ја наречеме, пријателската кон Брисел влада. Сето тоа бидејќи националната, суверената унгарска Влада не е добра за нив. И тие го кажаа тоа отворено.
Јас отсекогаш мислев дека ова е тоа што тие го имаат во мислите, не треба да си добитник на Нобеловата награда за да го сфатиш тоа, но необично е тоа што тие отворено тоа и го кажаа в лице на Унгарија и му го обзнанија на светот.
Наместо да се занимаваат со европските работи, тие сакаат да соборат Влада на земја членка и да ја заменат со друга влада.
Првото и најважното е дека јас декларирав дека ќе се спротивставам на тоа, ќе се спротивставиме на планот на Брисел да инсталира влада во Унгарија. Што и да се случи, ние сме подготвени за конфликтот што доаѓа. Морам да направам тие да го сфатат тоа и тие ќе ја загубаат таа битка.