Благодарение на премиерот Зоран Заев деновиве е актуелно едно орудие кое може да се користи и како алат за хигиена во власта, но и да се (зло)употребува во борбата за власт.
Метлите од ова видео немаат врска со „Заевата метла за чистење функционери и непотизам во власта“, но покажуваат дека метлата има и симболично значење, може да служи како ладно оружје и дека и метлата како и стапот има два краја.
Со нејзе може да (се) чистат политичарите, но со метлата може и народот да ги чисти политичарите. Демократски, се разбира, на избори.