Додека американскиот претседател Џо Бајден слетувал во Полска по изненадната посета на Украина, на социјалните мрежи се појави сега веќе вирално видео на кое се гледа како припадник на неговата придружба паѓа по скалите на авионот на аеродромот во Варшава.
Newsweek и други медиуми пренесуваат дека не станува збор за Бајден.
На снимката се гледа како непозната личност паѓа по скалите држејќи се за оградата, директно на пистата, додека другите луѓе доаѓаат на помош.
Ndtv.com пишува дека видеото почнало да добива внимание бидејќи потсетува на моментот кога Бајден во 2021-ва година се сопна и падна на скалите на претседателскиот авион Air Force 1.
Newsweek наведува дека не е јасно дали авионот од чии скали паѓа непознатото лице е Air Force 1. Но, корисниците на Твитер почнале да шпекулираат дека лицето кое паѓа всушност е Бајден.
– Дали Џо Бајден повторно падна по скалите на Air Force 1?, прашува конзервативниот коментатор Бени Џонсон во постот.
„Некој изгледа паѓа од „Air Force 1“. Колкави се шансите тоа да е Џо Бајден“, наведува еден корисник на Твитер.
Видеото од падот на Џо Бајден при влегување во авионот, што се случи пред две години, може да го отворите ТУКА.