Во Москва илјадници луѓе се собраа на стадионот Лужники на митинг-концерт по повод годишнината од почетокот на воената инвазија врз Украина и Денот на бранителите на татковината.

Путин имаше главен збор на стадионот, извикувајќи поздрави до руските војници.

– Денес тие ја имаат поддршката од целата земја, рече Путин, мислејќи на руските сили во Украина.

Тој додаде дека штотуку го добил последниот извештај за ситуацијата на фронтот.

– Кога сме заедно, ни нема рамни. За единство на рускиот народ!, рече Путин.

Рускиот претседател изјави дека оние кои ја поддржуваат „специјалната воена операција“, имено медицинските работници, вработените во одбранбените компании, транспортот, како и децата кои пишуваат писма до борците, се бранители на татковината.

– Тие се борат херојски, храбро и силно. Ние сме горди на нив, рече Путин.