Судовите во Турција наредија притвор на 160 лица кои се прогласени за одговорни во врска со урнатите згради во регионите погодени од земјотресот на југот на земјата.

Според информациите на дописникот на Анадолија, повеќе од 500 осомничени се приведени во истрагата што ја покрена државното обвинителство во врска со објекти уништени од земјотреси или во кои е забележана промена на зоната.

Од приведените, на 160 им е одредена мерка притвор, 175 се пуштени на слобода со изречени мерки за забрана, а по 132 се уште се трага. Некои од осомничените се ослободени.