Претседателот на Словенија, Борут Пахор во ексклузивно интервју за ТВ21 посочи дека има сѐ помалку надеж дека Западниот Балкан еден ден ќе стане дел од Европската Унија.
– Тој авторитет и кредибилитет што Брисел го имаше во Македонија сега се губи. Тоа им го кажувам на сите соговорници. Не е така само во Македонија, не само во Албанија туку и во Црна Гора, а понекогаш и во Србија. А сигурно и во Босна и Херцеговина, порача Пахор.