Српскиот тенисер и светски тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, приреди изненадување за неговите фанови особено за Македонците. Тој по триумфот во 3. коло на Вимблдон запеа.
Заедно со физиотерапевтот Миљан Амановиќ се вклучи во живо на Инстаграм за илијадниците свои фанови од светот, од Лондон, и ја запеа песната „Македонско девојче“.
– Охридско Езеро… Ех, како би сакал да сум сега таму. Испратете ми некоја фотографија од Охрид, ве молам, порача Ѓоковиќ и дополни:
– Македонско девојче… Многу е убава оваа песната!