Македонскиот политички врв продуцирајќи „розова економска иднина“ го премолчува фактот дека во Бугарија има Македонци, кои се дискриминирани и за тоа има повеќе пресуди на Европскиот суд за човекови права.
Во исто време, бугарскиот политички врв бара „Бугарите во Македонија“ да влезат во македонскиот Устав, а од македонска страна тоа се прифаќа со широко отворени раце за отворање на Уставот.
Но, за состојбата пред која политичарите во Македонија „затвораат очи“, на јавноста очите и ги отвора новинарот на Би-Би-Си во разговорот со премиерот на Бугарија, Кирил Петков.
Погледнете го разговорот со Петков на новинарот на Би-Би-Си, кој е титлуван и на македонски јазик ТУКА.
(Д.Г.)