Црногорскиот пилот капетан Ненад Дубљевиќ на македонски јазик „рапортираше“ за неговото учество во гасењето на пожарите, при врачувањето на благодарници и пригодни подароци со македонски симболи што ги добија и останатите екипажи на авионите и хеликоптерите кои помагаат во справувањето со пожарите во Македонија.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на пилотите од Турција, Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора кои се борат против огнената стихија им додели благодарница и пригодни подароци.
Еден од нив е и Ненад Дубљевиќ капетан – прв пилот на хеликоптер Бел 412 во Военото воздухопловство на Црна Гора кој ги гаси пожарите низ Македонија.
Дубљевиќ откри дека завршил Воена академија во Македонија, затоа добро зборува македонски, а станал и македонски зет, па така го освежува македонскиот јазик.