Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов утринава е заедно со турскиот хеликоптер кој се вклучи во гаснењето на пожарите во Македонија.
Тој објави видео од терен, од момент кога турскиот хеликоптер „Блек Хок“ полни вода од Вардар за да дејствува врз пожарот на планината Серта.
-Голема благодарност до сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија. Посебна благодарност до Република Турција за испратената помош од два ер трактори и еден хеликоптер „Блек Хок“, објави Ангелов.
Како што беше најавено, претпладнево се очекува да пристигнат и два хелихоптери од Словенија и еден голем хелихоптер со носивост од пет тона од Србија, а најавен е и еден хелихоптер од Црна Гора.