Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се вклучи во кампањата за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски со повик „граѓаните да не ја казнуваат државата за тоа што треба да биде казнет СДСМ“.
– Ова не е време за утврдување на индивидуална одговорност, туку за бирање претседател, порача Шилегов.
Оваа порака до граѓаните од градоначалникот и функционер на СДСМ, Шилегов во превод значи: казнете ја опозицијата, а не власта на СДСМ за тоа што заслужила да биде казнета.