Доцна вечерва избувна пожар во РЕК Битола. Според првичните информации станува збор за пожар на трансформатор во рамките на термоцентралата. Пожарот е изгаснат, соопштија од РЕК.
Според првичните информации нема повредени, а се огласи и Комбинатот.
-Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат, стои во соопштението од РЕК.
Претходно реагираа од ВМРО-ДПНЕ:
-Двата блока се надвор од погон, поради настанатата експлозија на трансформаторот. Во моментов беснее пожар во комбинатот, што е видливо од снимките. За жал неработењето, криминалот и нестручноста на СДС доведоа до уште една катастрофа во македонскиот гигант, РЕК Битола, кој едвај се држи на нозе. Дали после болницата во Тетово, неспособната власт на СДС ќе го пеплоса и уништи и РЕК Битола?, прашуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.