Премиерот Зоран Заев денеска го смести Прилеп во Полог односно во Полошкиот регион, но брзо суфлираше прилепскиот министер Горан Сугарески и ја исправија грешката.
– Денеска јас сум овде во Полошкиот регион, изјави Заев, но Сугарески од позадина брзо му суфлираше дека Прилеп не е во Полошкиот туку во Пелагонискиот регион.
Заев денеска во брендираната кошула „Астон Мартин“ беше гостин во Прилеп, а потоа замина и во Новаци во битолскиот дел од Полошкиот… пардон од Пелагонискиот регион.