Масивен дел од планината Агунг на индонезискиот остров Бали беше разнесен во вулканска ерупција што се случи денеска претпладне.

Како што објави ВОА, ерупцијата создала облак од прав висок повеќе од два километри.

Подрачје од четири километри околу кратерот е забрането за пристап, но ерупцијата не предизвикала прекин во авионските летови од и кон Индонезија.

Последната голема ерупција на вулканот Агунг се случи во 1963 година, при што загинаа околу 1.600 луѓе.

Видеото може да го погледнете ТУКА.