Откако на интернет се прошири видеото од натпреварот на третата холандска лига помеѓу АФК Амстердам и Ријнсбург Бојс, приказната доби продолжение.
Натпреварот, кој заврши со победа на гостите 6-2, ќе остане запаметен за нешто друго. Речиси целосно гола, русокоса девојка истрча на терен прегрната само со знамето на гостинската екипа.
Русокосата малку застана до еден од играчите, и тој се навали далеку од неа и почна да се смее. Судијата го прекина натпреварот додека не замине девојката, а таа сама си замина со парадирање низ теренот.
Неколку дена подоцна, се дозна дека се работи за стриптизета, која домаќините ја ангажирале за да им попречи на противниците. Тоа баш и не им успеа, барем што се однесува до резултатот, но за нивниот потег деновиве зборува цела Европа.