Новите монети на кои е испишана додавката „северна“ не ги прифаќаат автоматите за кафе и автоматите за плаќање на самоуслужните сервиси за миење автомобили, објави А1он.

Како што пишува портралот, без разлика дали се работи за монета од пет, два или еден денар, автоматите што нудат каква било услуга не ги прифаќаат и ги исфрлаат како неупотребливи.

Додавката „северна“ ја има на новата серија ковани пари, која почна да се изработува по уставните измени, со кои се промени името на Република Македонија во РС Македонија и кога следуваше преименувања на државните институции, меѓу кои и на Народната банка на Република Македонија.

Во 2019 година, со уставните измени, на над 130 институции им беше наложено да станат „национални“ или „северни“ наместо македонски според Договорот од Нивици или познат и како Преспански договор.

Целиот текст на А1он и видеото може да го отворите ТУКА.