Големиот национален и верски празник Илинден денеска го прославија и Македонците во Албанија.
Централната прослава на Илиднен и Св. Илија се одвиваше во црквата „Св. Марина“ во близина на Корча во Албанија. Емоциите со кои Македонците од Албанија пеат македонски песни се пример за тоа како се сака земјата и од тие што живеат надвор од неа. И убав пример за голем број Македонци во Македонија како се сака коренот и родот свој.