Тие ги ставија темелите на македонската државност, а ние ја внесуваме… во НАТО и во ЕУ, порача генералниот секретар на СДСМ и доскорешен министер за земјоделство Љупчо Николовски, кој заедно со пратеникот и портпарол Костадин Костадинов, денеска положија цвеќе на Илинденците во Крушево.

– Им се поклонуваме, но и храбро чекориме. Тие за нас, а ние за идните генерации. Конечно светол, радосен и граѓански Илинден, објави Николовски на Фејсбук

Забележливо е дека секаде во статусот го избегнуваа зборот Македонија, а наместо тоа се користи симбол знаменце на државата во чија чест прославуваат.

Инаку вчера, Костадинов објави дека „војводите стигнаа во Крушево“ и објави фотографија на Фејсбук фотографиран со „крушевски војводи“.