Бронзениот медал на Олимпијадата во Париз, кошаркарите на Србија го прославија со песни меѓу кои и македонската „Македонско девојче“.
Познатата македонска песна ечеше во центарот на Париз од грлата на српските кошаркари. Кошаркарите предводени од Никола Јокиќ прославуваа во кафуле во Париз, каде што се забавуваа по победата.
Селекторот Пешиќ во еден момент го зеде микрофонот и по серијата српски хитови ја запеа Македонско девојче. Јокиќ се качи на столче и заедно со останатите српски кошаркари ги пееја рефрените „нема, нема, не ќе се роди…“
Песната, инаку, е неофицијална химна на женските репрезентации на Македонија. Први ја испеаја нашите ракометарки, кои на Светското првенство во Германија во 1997 година го освоија седмото место.
Видеото може да го отворите ТУКА.