Десетина илјади луѓе маршираат денеска во центарот на Лондон, барајќи нов референдум за Брегзит, додека Парламентот бара излез од ќор-сокакот во која западна истапувањето на Велика Британија од ЕУ.
Демонстрантите одат од паркот Лејн до парламентарниот плоштад, каде што подоцна ќе одржат собир. Демонстрациите се случуваат откако Унијата дозволи пролонгирање на Брегзит.
Напумпаните проценки велат дека се очекува во Лондон да се соберат околу милион лица од цела Британија, а на собирот, според најавите ќе се обрати градоначалникот на Лондон Садик Кан, кој е од редовите на опозициската лабуристичка партија и претседателката на Шкотската национална партија Никола Старџен.
Премиерката Тереза Меј во повеќе наврати ги отфрли повиците за втор референдум и покрај тоа што Парламентот не успеа да го изгледа договорот кој таа го испреговара со Унијата.
Во меѓувреме, бројот на потписници на онлајн петицијата со која се бара Владата да го повлече Членот 50 за излегување од ЕУ се зголеми на четири милиони.