Добриот глас далеку се слуша, а веста за златната трева на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, уште подалеку.
Откако ја чуле веста за квалитетната трева, вредна 530.000 евра на плоштадот Македонија во Скопје, група анонимуси кои тврдат дека го донирале овој тревник, го дотераа стадото овци да попасе од златната трева. Со нив е и кучето кое го чува стадото.
Мајтапот со златната трева на Шилегов погледнете го на видето.