Пандемијата поради коронавирусот го потресе целиот свет и додека во многу земји го извлече најдоброто од луѓето, но секако, има и случаи што ја покажаа најлошата човечка страна.

Новата пандемија откри многу патолошки феномени во современиот свет, наведува авторот на текстот на порталот „рмкс њуз“ и додава дека еден од нив е, сурогатот, кој вклучува третирање на луѓето како роба, која може да се нарача, произведе и продава.

Имено, во Киев, Украина, повеќе од 500 новороденчиња, нарачани од богатите западни земји преку сурогат агенции, останаа без родители заради пандемијата на коронавирусот и кризата што се појави насекаде во светот. Овој портал објави шокантно видео на кое се прикажани десетици бебиња во клиниката „БиоТексКом“ во Киев, плачејќи по родителите кои никогаш не дошле по нив.

Клиниката „БиоТексКом“ се рекламира како центар за репродукција, а во нивниот каталог потенцијалните родители можат да најдат „привлечни“ понуди на продажба со слики од насмеани бебиња кои им се приложени. За многумина, цената на бебињата е една од најатрактивните карактеристики. Имено, секое бебе чини само 9.900 евра.

Порталот наведува дека сега има загриженост поради „зголемувањето на залихи“ на оваа сурогат компанија, која би можела да ги понуди овие деца на секој, поточно на секој што сака да ги преземе бебињата и да ја ослободи клиниката од обврски.

На видеото од клиниката можат да се видат 46 кревети со новороденчиња кои плачат.
Затворањето на границите заради пандемијата довело до тоа дека купувачите не дошле да ги земат своите деца.

Украина е водечка сурогат земја во Европа. „Мајка за изнајмување“ во Украина чини многу помалку отколку во другите земји, а купувачот има гаранција дека детето што ќе го добие ќе биде бело.

Ова е опција ја користат многу истополови парови, кои нарачуваат и посвојуваат деца од такви агенции. Се проценува дека повеќе од 500 бебиња чекаат да бидат подигнати, бидејќи границите беа затворени поради пандемијата на коронавирусот, но всушност, како што заклучува авторот на текстот, вистинскиот број е тешко да се знае заради природата на бизнисот.