Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на панел во московскиот институт Валдај, на кој главна тема е „Мир со хармонија“.
Дали постои опасност од нуклеарен конфликт, беше прашан Путин од новинар.
– Се додека постои нуклеарното оружје, секогаш постои опасност да се користи. Русија, меѓутоа, самоиницијативно не соопшти дека ќе го искористи. Неодамнешната британска премиерка Лиз Трус отворено се закани со нуклеарно оружје. Требаше да се преправаме дека не слушнавме ништо? Киев постојано зборува за својата желба да има атомска бомба. Подигнувањето на тензиите дека Русија ќе користи нуклеарно оружје е направено за притисок врз нашите пријатели. Тоа е порака до нив дека Русија е опасна и да не купуваат ништо од нас и да не ни продаваат ништо, рече Путин.
Видеото може да го отворите ТУКА.