Пуштен е во употреба реконстрираниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,4 километри. Инвестицијата во износ од 11,7 милиони евра е на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Целосно е саниран коловозот, поставени се нова сигнализација, безбедносна ограда и проширувања. Направени се и заштитни интревенции на ризичните косини на патот широк шест метри.