Пратеничката Фросина Ременски, која неодамна беше разрешена од функцијата потпретседател на СДСМ, денеска по распитот во ЈО за Рекет изјави дека едвај се познава со Боки 13.
Но, не многу одамна, Ременски изјави дека е почестена со функцијата почесен претседател на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски алијас Боки 13.
– Јас сум почестена за титулата што ми ја додели Меѓународниот сојуз за јакнење на цивилното општество и грижа за социјално ранливите категории. Сме имале и претходно лично соработка со претседателот на Меѓународниот сојуз Боки Јовановски. Како почесен претседател на сојузот ќе имам симболична функција, но ќе ја искористам максимално во лобирање и во влијание таму каде што навистина е потребно да се напрви повеќе, изјави тогаш Ременски.
Видеото може да го отворите и ТУКА.