Пет години по „прекрасниот спот“ на тогашните кандидати за пратеници Радмила Шекеринска и Павле Богоевски и „реновирањето“ на детско одморалиште на Пелистер тоа денес е само уште поруинирано.
Што ветија Шекеринска и Богоевски во 2016 година може да се види од нивниот рекламен спот За живот во Македонија, а што направија во практика може да се види од позајмените фотографии.
За жал, слична е судбината и на многу други објекти, во кои некогаш имало живот, а за време на летните и зимските распусти одморале деца. И не само објекти за деца, туку слично „реновирање“ доживеале и објекти за нивните мајки и татковци.
„Утеха“ за детското одморалиште на Пелистер е тоа што барем има спот за него, а за другите не е направено ни толку.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
(Д.Г.)