Лажниот оргазам на Мег Рајан во филмот „Кога Хари ја сретна Сали” е една од најпознатите легендарни филмски сцени во историјата, но иако беше лажен, воопшто не беше лесно да се постигне, откри режисерот на филмот.
Во јуни, ќе се одбележи 30- годишнината од неговото снимање, а режисерот Роб Рајнер деновиве сподели неколку приказни што се случиле зад камерата.
„Првите неколку пати, Мег не беше доволно уверлива, но на крајот,сепак, успеа“, изјави Роб и додаде дека актерката била исклучително нервозна.
„Беше многу нервозна, бидејќи пред неа имаше многу луѓе, а таа мораше да се преправа дека доживува оргазам”, откри Роб.