Пет деца од Водице во Хрватска во морето пронашле змија долга 2,5 метри.

Тринаесетгодишниот Нико Витиќ видел на дното од морето огромна змија, а потоа со другарите, по десетина минути ја извадиле на брегот, пишува Инфо Водице.

Ветеринарот Здравко Зорица тврди дека станува збор за зелена анаконда.

– Станува збор за неотровна речна змија. Како стигнала во морето, тешко е да се каже. Можно е некој да ја чувал како домашен миленик во терариум, па откако угинал ја фрлил во морето, изјави Зорица.

Змијата беше однесена од жупанискиот концесионер Ас Еко.